Нов автомобил на кредит со 5% камата

Bez autora
Sep 09 2012

Импортерот "Аутомотив Груп" овозможува купување на автомобил на кредит од Стопанска банка по каматна стапка од 5%. Во изминатите 5 години, успеавме да се етаблираме како сериозна компанија која е на самиот врв на автомобилската индустрија во Македонија и кон крајот на 2011 година постигнавме вкупен удел на пазарот од 11,54%. Традиционално досега, во секоја пригода организиравме промоции, забави и најразновидни настани се со цел да се претставиме на јавноста како компанија со нови идеи, поразлични од останатите. Оние што не познаваат подолго, не прашуваа "Што спремивте за вашиот 5-ти роденден?". По направените пресметки за роденденот, а согласно моменталната економска состојба во цела Европа, не беше воопшто тешко да ја донесеме одлуката. Кредитирањето на возило на кредит со 5% годишна камата се однесува за оние што ќе поднесат барање за купување на возило во наредните 45 дена, за количина од вкупно 55 возила од програмата на "Рено", "Нисан" и "Дачиа".

Нов автомобил на кредит со 5% каматаИмпортерот "Аутомотив Груп" овозможува купување на автомобил на кредит од Стопанска банка по каматна стапка од 5%.

- Во изминатите 5 години, успеавме да се етаблираме како сериозна компанија која е на самиот врв на автомобилската индустрија во Македонија и кон крајот на 2011 година постигнавме вкупен удел на пазарот од 11,54%. Традиционално досега, во секоја пригода организиравме промоции, забави и најразновидни настани се со цел да се претставиме на јавноста како компанија со нови идеи, поразлични од останатите. Оние што не познаваат подолго, не прашуваа "Што спремивте за вашиот 5-ти роденден?". По направените пресметки за роденденот, а согласно моменталната економска состојба во цела Европа, не беше воопшто тешко да ја донесеме одлуката - велат од "Аутомотив Груп".

Кредитирањето на возило на кредит со 5% годишна камата се однесува за оние што ќе поднесат барање за купување на возило во наредните 45 дена, за количина од вкупно 55 возила од програмата на "Рено", "Нисан" и "Дачиа".

- Во соработка со нашиот партнер во оваа кампања Стопанска банка, во најголемата економска криза во Европа обезбедивме ексклузивно најниска камата за своите купувачи. Заедно со Стопанска банка нудиме производ во вистинско време. Стопанска банка понудата ја збогатува и од своја страна со тоа што на клиентите кои ќе поднесат барање за оваа кредитна линија дополнително одобрува 50% попуст на административните трошоци - велат од "Аутомотив Груп".

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik